Достапни линкови

Германија не отстапува од фискалниот пакт на ЕУ


Германската влада одби било какви ревизии на новиот фискален пакт на Европската унија и покрај повиците на новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд за поништување на договорот. Портпаролот на германската влада Стефен Сеиберт рече дека менување на пактот преку нови преговори е невозможно. Тој дополни дека новата власт во Грција мора да се придржува кон пакетот реформи кој земјата го договори со цел да добие помош за избегнување банкрот. Изборите во Грција и Франција создадоа загриженост за способноста на земјите во Еврозоната да се справат со должничката криза.
XS
SM
MD
LG