Достапни линкови

logo-print

Авганистан е подготвен за рано повлекување на француската војска


Авганистанските трупи се подготвени да го пополнат вакумот кој би се создал од можно предвремено повлекување на француските трупи, соопшти авганистанската влада. Соопштението следи по заложбата на новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд за повлекување на 3,300 француски војници од земјата до крајот на годинава, Таквата можна одлука на Франција би била спротивна на распоредот на НАТО со кој се предвидува целосно повлекување на трупите на алијансата до 2014 година. Оланд најави дека ќе го покрене прашањето на самитот во Чикаго.
XS
SM
MD
LG