Достапни линкови

Предвремените избори во Израел во септември


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе побара распуштање на парламентот и ќе свика предвремени општи избори на 4 септември. Изјавата на премиерот следи по медиумските извештаи дека Нетанјаху ќе распише предвремени избори со цел да се сочува стабилнсота на владеачката коалиција за време на дебатите за буџетот и расправата по предлог законот со кој православните евреи се обврзуваат да служат војска. Нетанјаху дополни дека изборите нема да влијаат на одлуките во врска со иранската нуклеарна програма, за која Израел верува дека е наменета за производство на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG