Достапни линкови

logo-print

Македонците во Србија добија пратеник


Миле Спировски од Демократската партија на Македонците во Србија, според првичните резултати, е избран за пратеник во српското Собрание на вчерашните парламентарни избори.
Спировски беше позициониран на 26. место на кандидатската листа за пратеник во Собранието на Република Србија на коалицијата „Покренимо Србију“, предводена од Српската напредна партија на претседателскиот кандидат Томислав Николиќ. Коалицијата освои вкупно 73 пратенички места.
Македонците во Србија инаку не постигнаа согласност за единствен настап на вчерашните парламентарни избори.
Националниот совет на Македонците во Србија ја поддржа коалицијата на Демократската странка на претседателскиот кандидат Борис Тадиќ, на чија листа нивниот актуелен претседател, Борче Величковски, се најде на 107. место, но не како претставник на Националниот совет, туку како член на Демократската партија на Тадиќ.
XS
SM
MD
LG