Достапни линкови

logo-print

Тадиќ и Николиќ во вториот круг претседателски избори


Сегашниот претседател на Србија Борис Тадиќ и Томислав Николиќ од Српската напредна партија ќе се борат во вториот круг од претседателските избори на 20 мај. Резултатите од вчерашните општи избори покажуваат и дека на изборите за парламентот води коалицијата „Да ја придвижиме Србија“ што ја предводи партијата на Николиќ, пред коалицијата на Демократската партија на Тадиќ, „Избор за подобар живот“.

Неофицијалните резулатите покажуваат дека Борис Тадиќ добил над 26 насто, додека Томислав Николиќ над 25 насто проценти со што влегоа во конечната трка за претседател на Србија. Резултатите се слични и во врска со парламентарните избори, но со предност на партијата на Николиќ.
Нова влада ќе биде формирана по вториот круг претседателски избори и нема сомневање дека тие избори ќе го дефинираат изгледот на новата влада.

„Нова влада ќе биде формирана по вториот круг претседателски избори и нема сомневање дека тие избори ќе го дефинираат изгледот на новата влада. Но, како што и порано реков, нема да прифатам предуслови и уцени. Ја очекувам поддршката на граѓаните“, изјави Тадиќ по затворањето на гласањето.

Во меѓувреме Николиќ изјави дека Тадиќ би требало да се подготви да прави отстапки:

„Оние што се сметаат за политички победници на овие избори им порачувам дека очигледно ситуацијата е сосема поинаква од пред 4 години и оти поранешниот претседател нема да може да смета на поддршката на оние што ја имаше досега, изјави Николиќ.

Инаку, Социјалистичката партија на вчерашните избори освои 15 проценти од гласовите, што според аналитичарите, ги прави клучни фактори во формирањето нова влада. Лидерот на оваа партија Ивица Дациќ дури најави дека ќе бара премиерско место.

„Можеби Србија денеска не знае кој ќе биде претседател, но знае кој ќе биде премиер“, им изјави на приврзанниците во Белград поранешниот портпарол на Слободан Милошевиќ.

Шефот на одделот за Западен Балкан во Германскиот институт за Меѓународна политика Франц Лотар Алтман за РСЕ изјави дека обновата на старата коалиција би можело да значи и негова полабава позиција спрема Косово.

„Би можело да покаже волја за поголеми отстапки сега кога неговата коалиција би можело да се обнови. Комотноста од уште четири години може да придонесе за натамочен чекор кон Европската унија и за преговори со Косово“, вели Алтман.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG