Достапни линкови

Клинтон бара Индија да го намали увозот на иранска нафта


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон побара од Индија да го намали увозот на нафта од Иран за да се зголеми притисокот врз исламската република да ја напушти контроверзната нуклеарна програма.
„Индија тоа го прави и ги следи чекорите кои ги препорачавме, но се надеваме дека може уште повеке“, изјави Клинтон која е во посета на Калкута. Хилари Клинтон од Калкута патува за Њу Делхи на средба со индискиот премиер Манмохан Синг.
Индија може да се соочи со санкции од САД доколку до крајот на Јуни администрацијата на Обама процени дека нема значително намалување на увозот на нафта од Иран.
XS
SM
MD
LG