Достапни линкови

logo-print

Продолжува пристапниот дијалог меѓу Македонија и ЕУ


Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ под ко-претседателстсво на премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе продолжи денеска во Скопје. Филе освен со Груевски ќе оствари средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, како и со членовите на собраниската Комисија за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции.
На средбата ќе присуствуваат и членовите на Комисијата за надворешна политика и Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и Унијата.
XS
SM
MD
LG