Достапни линкови

Светските лидери му ја честитаа победата на новиот француски лидер


Новиот француски лидер Франсоа Оланд

Новиот француски лидер Франсоа Оланд

Светските лидери упатија честитки до социјалистот Франсоа Оланд, кој победи на претседателските избори во Франција. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја нарече победата на Оланд историски момент и изјави дека двете земји ќе работата заедно да и помогнат на ЕУ да се избори со економската криза.
Германската канцеларка Ангела Меркел го покани Оланд да го посети Берлин и покрај поразот на нејзиниот близок сојузник Никола Саркози.
Американскиот претседател Барак Обама го покани Оланд во Белата куќа пред Самитот на Г8 и на НАТО.
XS
SM
MD
LG