Достапни линкови

Оланд - нов претседател на Франција


Социјалистот Франсоа Оланд најверојатно ќе биде новиот претседател на Франција. Според првите проекции на француските телевизии, Франсоа Оланд освои околу 52 отсто од гласовите. Одзивот е околу 80 отсто од запишаните 46 милиони гласачи.
Франсоа Оланд треба да биде седмиот по ред претседател на Петтата француска република од 1958 година и втор социјалист кој доаѓа на оваа функција по Франсоа Митеран во 1981 година.Социјалистите се враќаат во Елисејската палата по речиси 20 годишно отсуство.
икола Саркози е втор француски претседател кој не успеа да го продолжи мандатот по Валери Жискар д’Естен во 1981 година.
XS
SM
MD
LG