Достапни линкови

Заврши гласањето на изборите во Ерменија


Заврши гласањето на парламентарните избори во Ерменија. Според првичните проценки републиканската партија на претседателот Серж Саркисиан е на пат да победи. Според проценките базирани на излезноста на меѓународната асоцијација „Галуп“, партијата Напредна Ерменија, коалицискиот партнер на републиканците, е втора по бројот на освоени гласови. Со тоа се проценува дека републиканската партија има освоено 44,44 отсто а Напредна Ерменија е со 28,81 проценти. Опозицискиот Ерменски национален конгрес на чело со екс-претседателот Левон Tер – Петросјан исто така има шанси да добие места во парламентарниот состав. Повеќе од 300 набљудувачи на ОБСЕ го надгледуваа гласачкиот процес во Ерменија.
XS
SM
MD
LG