Достапни линкови

Власта и опозицијата се расправаат за енергетика


Македонската влада наместо да гради нови енергетски капацитети, само купува скапа увозна електрична енергија, а граѓаните тоа го чувствуваат на своја кожа, бидејќи сметките за струја во последните 6 години прераснаа двојно, изјави Атанаско Тунески, член на секторот за енергетика при СДСМ. „Во последните 6 години, Македонија плати над 1 милијарда долари за увоз на скапа електрична енергија, во споредба со претходните 10 години, кога Македонија не плати ниту 1 евро за увоз на струја. Сметките за струја на големите индустриски потрошувачи во последните 6 години пораснаа дури и тројно“ рече Тунески.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата оценува дека опозициската партија упорно како експерт за енергетика го нуди Атанаско Туневски, кој, наведува, „поради својата неспособност и неодговорност да менаџира до енергетскиот систем беше разрешен од позицијата директор на МЕПСО“. „Тој е единствен директор на кого му се случи колапс и пад на целиот систем. Ваквиот неуспешен кадар најде конечно прибежиште во СДСМ, откако претходно смени повеќе партии. И сега замислете, токму Туеневски СДСМ го преставува како голем експерт. Атанаско Туневски е само е слика и прилика за тоа какви кадри прибира СДСМ“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG