Достапни линкови

Полицијата се судри со демонстрантите во Москва


Милионскиот марш во Москва против третиот претседателски мандат на Владимир Путин

Милионскиот марш во Москва против третиот претседателски мандат на Владимир Путин

Полицијата во Москва ги приведе опозициските лидери Сергеи Удалтсови Алексеи Навални за време на демонстрациите во Москва. Полициските сили се судриле со мала група демонстранти која на чело со двајцата опозиционери се одвоила од толпата која брои најмалку 20.000 лица. Претставници на опозиционерите тврдат дека полицијата употребила солзавец против насобраните. Новинската агенција „Ројтерс“ јави дека дел од демонстрантите фрлале пластични шишиња и чадни бомби кон полицајците. Насобраните протестираат во знак на незадоволство од третиот претседателски мандат на Владимир Путин кој утре би требало да биде инуагуриран.
XS
SM
MD
LG