Достапни линкови

Најавен обид за придвижување на работите кон подобро со Грција


Македонија ќе продолжи да гради добри политики со Грција и независно од опцијата која ќе победи на изборите ќе се обидеме да ги придвижиме работите кон подобро и кон решение на прашањето за името, изјави премиерот Никола Груевски. зборувајќи за очекувањата на регионален план и градењето добрососедски политики по изборите во Србија и во Грција.
„Особено овде станува збор за Грција бидејќи имаме сериозен проблем со нив, со прашањето кое не оптоварува и блокира 21 година. Посебно со таа држава кој и да дојде на власт ќе се обидеме да ги придвижиме работите кон подобро и кон решение на прашањето кое ги оптоварува и двете земји, се разбира нас повеќе затоа што ние сме блокирани. Се разбира не и е сеисто и на Грција да носи таков товар пред Европа и светот со години наназад“ рече Груевски.
XS
SM
MD
LG