Достапни линкови

logo-print

Кенијците повторно победници на скопскиот маратон


Вкупно 3.500 учесници стартуваа на годинешниот Скопски маратон во сите три трки. Првото место кај мажите го освои Патрик Мичеми Вамбугу од Кенија, а кај жените неговата сонародничка Сесилија Вангуи Варатумо. На маратонот се натпреваруваа 180 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 370 натпреварувачи. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5.000 метри, хуманитарната трка каде што стартуваа околу 3.000 натпреварувачи. Средствата од котизацијата за Хуманитарната трка ќе бидат донирани во Црвениот крст на град Скопје за опремување на центар за бездомници. Детскиот мини маратон Чунга Лунга го трчаа 600 деца.
XS
SM
MD
LG