Достапни линкови

Протести против третиот претседателски мандат на Путин


Неколку илјади демонстранти се собраа во Москва на протести против утрешната инаугурација на Владимир Путин, кој се подготвува за трет претседателски мандат. Се проценува дека во толпата има од 5,000 до 20,000 лица. Неколку провладини демонстранти облечени во кловновски костими ги провоцираат насобраните. Зголемено е полициското присуство и неколку метро станици во главниот град на Русија се затворени. Двајца активисти на солидарното движење наводно биле приведени. Неколку независни медиуми се жалат на хакерски напади на нивните интернет страници.
XS
SM
MD
LG