Достапни линкови

Опозицијата во Сирија формира алтернативен парламент


Водечките сиријски опозициски групи повикаа на бојкот на парламентарните избори во земјата закажани на 7 мај. Групите сметаат дека изборите се исмејување, поради што формираа алтернативен парламент, јавуваат сиријските медиуми. Прва точка за расправа на алтернативниот парламент била гласање на недоверба на актуелниот устав на земјата и враќање на уставот кој бил усвоен во 1950 година. Потегот на опозиционерите се случува во услови на ескалација на насилството, посебно во источната провинција Деир ал Зоур. Сиријската обсерваторија за човекови права тврди дека најмалку 600 лица загинале откако на сила стапи примирјето по иницијатива на Обединетите нации минатиот месец.
XS
SM
MD
LG