Достапни линкови

Над 30 проценти излезност на изборите во Франција


Поголема излезност е забележана во воториот круг гласање на претседателските избори во Франција во споредба со првиот круг, кој се одржа на 22 Април. Нешто повеќе од 30 проценти од регистрираните гласачи го оствариле своето право, судејки по владините проценки. За сега излезноста на овогодинешните избори е неспоредлива со онаа на изборите во 2007 година. Предизборните анкети му даваат предност на кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд, кој освои 500,000 гласови повеќе од противникот Никола Саркози во првиот круг. Предизборните кампањи се фокусираа на стравувањата за зголемување на невработеноста, имиграцијата и економската иднина на Франција. Прелиминарни резултати од вториот круг гласање се очекуваат вечерва.
XS
SM
MD
LG