Достапни линкови

logo-print

„Новиот бран“ на власта во девет општини


Шест директори на јавни комунални претпријатија, три секторски директори, четири директори на училишта, еден директор на јавна здравствена установа и еден директор на индустриска зона се дел од новите промени во општини предвидени со новиот бран во владеачката структура, јави Македонската информативна агенција. Во оваа фаза бранот се проширува на девет општини во државата. Радовиш, Скопје, Илинден, Гевгелија, Крива Паланка, Битола, Велес, Центар и Кисела Вода се локалните самоуправи каде се очекуваат извесни пополнувања на раководните функции кои остануваат празни. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицата кои си заминуваат од позициите го дале својот максимум во реализацијата на програмата.
XS
SM
MD
LG