Достапни линкови

Клинтон ќе бара намален увоз на иранска нафта во Индија


Високорангиран американски државен службеник вели дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе бара намалување на увозот на иранска нафта во Индија за време на дводневната посета на земјата. Службеникот, кој патува со Клинтон, дополнува дека барањето за намалување на увозот на иранска нафта во Индија ќе биде на врвот на агендата на државниот секретар на САД. Индија има големи побарувања за енергенси поради рапидниот раст на земјата.
XS
SM
MD
LG