Достапни линкови

Парламентарни избори во Грција


Грците денеска гласаат на парламентарните избори во земјата кои се сметаат за најкритични и најнеизвесни во изминативе десет години. Предизборните анкети сугерираат дека двете политички партии кои во изминативе четири децении се менуваа на владеачката позиција во земјата нема да добијат доволно гласови за да формираат влада. Проекциите покажуваат дека десет политички партии ќе добијат повеќе од 3 проценти од гласовите потребни за место во грчкиот парламент. Инаку, Грција стана зависна од меѓународен договор за спас на земјата од банкрот вреден милијарди евра, за чија имплементација се очекуваат повеќе мерки за штедење од идниот месец.
XS
SM
MD
LG