Достапни линкови

Груевски-МВР има цврсти докази кои ќе се покаже дека се вистината


Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство.

Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство.

Премиерот Никола Груевски изјави денеска декa изразувањето на протест е демократско право на сите луѓе, коментирајќи го вчерашниот протест против полициската акција Монструм.
Груевски укажа дека во демократијата во сите држави честопати има ситуации кога организаторите на одредени протсети знаеле да маниуплираат со граѓаните, кои реагирале под емоции и заблуда, иако подоцна сфатиле дека биле изманипулирани. Тој порача дека од информациите што ги има добиено од МВР обезбедени се цврсти докази за убиството кај Смиљковци и времето ќе покаже дека доказите се она што е вистината, а не дека некој ги манипулира луѓето. Тој додаде дека власта го почитува правото на протест и секогаш со сериозност пристапува кон анализа на такви ситуации.
XS
SM
MD
LG