Достапни линкови

Размена на знамиња Македонија - ЕУ


Претседателот Ѓорге Иванов и амбасадорот на Европската унија во Македонија Аиво Орав денеска во вилата „Водно“ ги разменија знамињата на Република Македонија и на ЕУ во рамки на одбележувањето на Европскиот ден на знамето.
Знамињата, планинарите со марш ќе ги однесат на врвот на Водно, што симболично, според шефот на државата, укажува што не очекува на патот кон Европа кој Македонија треба да го помине за да биде дел од европското семејство.
- Се надеваме дека еден ден и нашето знаме ќе биде заедно со сите знамиња на европското семејство и нашите граѓани ќе ги уживаат сите придобивки што ги имаат и европските, истакна Иванов, изразувајќи надеж дека манифестацијата ќе ги поттикне сите да размислуваат дека мора да се качуваме кон врвот и да бидеме кај што се другите граѓани на Европа.

Евроамбасадорот Орав изрази надеж дека со овој симболичен настан ќе се покаже оти Македонија наскоро ќе се придружи на европското семејство.
Со низа културни, спортски и образовни манифестации во Скопје и низ други градови во Македонија се одбележува Денот на Европа-9 мај.
Планинарскиот марш кој тргна од пред канцеларијата на ЕУ во Скопје е во организација на Европското движење на Република Македонија и Делегацијата на Европската унија.
XS
SM
MD
LG