Достапни линкови

Неколку експлозии во Сирија, 5-мина загинати


Сиријски бунтовници

Сиријски бунтовници

Во централниот дел на Дамаск денеска експлодирала бомба, при што биле уништени 9 автомобили, а засега нема информации за евентуални жртви. Агенциите јавуваат и за уште две експлозии во главниот град на Сирија. Според активисти, бомба експлодирала и во северниот град Алепо, при што загинале 5 лица. Моментално во Сирија има 50 од вкупно предвидените 300 посматрачи на Обединетите Нации, кои треба да го надгледуваат примирјето декларирано на 2-ри април. Но, присуството на посматрачите не ги запре насилствата во Сирија, во кои, според податоците на ОН, од почетокот на протестите против сиријскиот режим пред 14 месеци, досега загинале над 9000 луѓе.
XS
SM
MD
LG