Достапни линкови

Противниците на Ахмадинеџат доминираат во иранскиот парламент


Според сеуште нецелосните резултати од вчерашниот втор круг парламентарни избори во Иран, противниците на претседателот Махмуд Ахмадинеџат се во убедливо водство. Опонентите на Ахмадинеџат обезбедија мнозинство во парламентот, во кој има вкупно 290 пратеници, уште во првиот круг, што се одржа во март. Меѓутоа, иранскиот парламент нема директна контрола врз клучните прашања во земјата, како на пример врз нуклеарната програма, но може да има влијание врз исходот од наредните претседателски избори, што ќе се одржат догодина.
XS
SM
MD
LG