Достапни линкови

Обама ќе бара подршка од Конгресот за намалување на невработеноста


Американскиот Претседател Барак Обама изјави дека ќе бара од Конгресот следната недела да со чувство за заедничка идеја биде зголемено креирањето на работни места во САД. Оваа изјава на Обама доаѓа откако денеска беше соопштено дека невработеноста во САД во Април падна на 8,1 насто, што е подобрување, но се креирани помалку, само 115 илјади работни места, што е најмалку во изминативе 6 месеци. Во Март невработеноста беше 8,2 насто. Според аналитичарите, бавното опоравување и стагнацијата во растежот на работните места, може да им наштетат на шансите на Претседателот Барак Обама на ноемвриските избори.
XS
SM
MD
LG