Достапни линкови

logo-print

Груевски: Македонија прва во Европа по параметарот централен регистар


„Работата и реформите во Централниот регистар придонесоа Македонија од страна на Светската банка според параметарот централен регистар втора година по ред да биде рангирана на првото место во Европа и на шесто место во светот. Следен предизвик ќе биде во наредните години Македонија да го заземе првото место во светот“.
Ова го оцени премиерот Никола Груевски на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од основањето на Централниот регистар.
Според него, Централниот регистар во изминатите десет години прераснал во една од водечките институции во спроведувањето на исклучително комплексни и сложени проекти кои се од големо значење за деловната заедница во Македонија.
XS
SM
MD
LG