Достапни линкови

Протести против апсењата во операцијата „Монструм“


Протест против апсењата за петкратното убиство
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Протест против апсењата за петкратното убиство.

Демонстрантите се сомневаат дека уапсените поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро се вистинските виновници.

Неколку илјади луѓе, доминантно млади Албанци, попладнево протестира во Скопје поради апсењата поврзани со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Протестите беа организирани преку социјалните мрежи под мотото „Стоп за монтираните случаи“.
Очигледно е зошто се протестира, не може еден цел народ да се нарекува терористи.
Демонстрант.

Демонстрантите се сомневаат дека уапсените се вистинските виновници за убиството. Дел од нив велат дека со изјавата на министерката Јанкулоска дека станува збор за исламистички терористи, се стигматизираат сите муслимани во земјава.

„Очигледно е зошто се протестира, не може еден цел народ да се нарекува терористи.“
Протестираме оти прават неправда, не само врз муслиманите, туку врз сите нации, ова ли е држава. Сите се невини, може ли 70 луѓе да убиваат петмина, нема шанси тоа да се случи. Тоа е некоја камуфлажа што ја прави власта, ќе видиме, бараме правда.
Демонстрант.

„Протестираме оти прават неправда, не само врз муслиманите, туку врз сите нации, ова ли е држава. Сите се невини, може ли 70 луѓе да убиваат петмина, нема шанси тоа да се случи. Тоа е некоја камуфлажа што ја прави власта, ќе видиме, бараме правда.“

„Протестираме затоа што овие не се тие што го извршиле убиството, а тие ги уапсиле, а тоа е неправедно“, велат дел од демонстрантите што не сакаа да се претстават.

Скопјанецот Амет Адеми, кој исто така учествуваше на протестите, вели дека треба да се види дали има докази дека уапсените се вистинските виновници и потсетува на случајот Раштански Лозја. Ако се виновни, нека бидат казнети, вели тој и посочува дека нему најмногу му пречело тоа што жени биле апсени од машки полицајци.
Како може полицијата да зема жена, ги допира, тоа ми е навеќе, дали има шамија или нема, жена не смее да фаќа.
Амет Адеми, демонстрант.

„Како може полицијата да зема жена, ги допира, тоа ми е највеќе, дали има шамија или нема, жена не смее да фаќа.“

Протестите почнаа околу 13 часот и 30 минути, по завршувањето на петочната молитва кај Јаја Паша. Групата со неколку контејнери ја блокираше улицата, а потоа преку Бит Пазар се упати до Основниот суд Скопје 1, а од таму кон владата.

Атмосферата пред владата стана тензична, неколку камења и пластични шишиња беа фрлени кон полицијата, а беше оштетена и автобуска постојка пред владата, но редарите на протестот не дозволија да дојде до посериозен инцидент.

Демонстрантите не носeа никакви транспаренти. Имаше неколку албански знамиња и неколку исламски зелени знамиња. Групата извикуваше „Оставка“, „УЧК“, „Убијци“, „Алах е голем“ и „Кој не ни се придружува е предавник“.

Пред неколку дена во голема полициска акција беа уапсени дваесетина луѓе во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека се работи за следбеници на радикалниот ислам, кои војувале и против НАТО-војниците во Авганистан и во Пакистан.

На петтемина осомничени за убиството им е одреден притвор од 30 дена и ќе им се суди за тероризам, но двајца од нив, кои се сомниченат дека се директни извршители, се во бегство. Во притворот во Битола се еден директно осомничен за убиството и двајца за помагање. Уште на четири од уапсените им е одреден притвор од 30 дена и ќе бидат обвинети за нелегално поседување оружје. Останатите уапсени беа ослободени по 48-часовен притвор.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG