Достапни линкови

Убиени тројца турски војници


Тројца турски војници биле убиени во борбите со курдски бунтовници во југоисточниот дел на земјата, соопштија турските власти, прецизирајќи дека до ова дошло во близина на градот Тунчели. Во еден друг инцидент, како што јавува Асошиетед прес, биле убиени двајца курдски бунтовници, додека двајца полицајци биле ранети. Курдите веќе неколку децении се борат за поголема автономија во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG