Достапни линкови

Евровизија ја казни Ерменија за неучеството на Евросонг


Европската радиодифузна унија ја казни Ерменија затоа што таа земја одби да испрати учесници на Евросонг во Баку, главниот град на Азербејџан. Во одлуката се наведува дека Ерменија ќе треба да ги плати трошоците како да учествувала, плус казна која е 50 насто од вредноста на трошоците. Се наведува и можноста Ерменија да биде исклучена од Евросонгот во идната година. Ерменија и Азербејџан подолго време се спорат околу Нагорно Карабах, енклава во Азербејџан, населена од ерменци.
XS
SM
MD
LG