Достапни линкови

Расмусен бара воздржаност од заедниците и лидерите на Косово


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен апелираше денеска до сите лидери и заедници на Косово да покажат воздржаност за време на процесот на гласање на парламентарните и претседателските избори во Србија.
- Во овој критичен период важно е да се избегне секоја еднострана акција или изјава која може да подигне тензии. Го поздравувам затоа договорот кој предвидува ОБСЕ да го олесни процесот на гласање и ја повикувам Приштина и Белград да ја продолжат соработката со меѓународната заедница со цел обезбедување мирно и безбедно гласање, се наведува во соопштението.
Расмусен потсети дека мисијата на КФОР е задолжена да обезбеди сигурно опкружување за сите граѓани на Косово на непристрасен начин, како што правела веќе подолго од деценија.
XS
SM
MD
LG