Достапни линкови

Дагестан - 13 загинати, над 120 ранети


Махачкала, 4 Мај 2012

Махачкала, 4 Мај 2012

Властите во Дагестан соопштија дека најмалку најмалку 13 лица загинале, а над 120 се ранети во двете силни експлозии во околината на Махачкала, главниот град на руската република Дагестан.
Националниот антитерористички комитет соопшти дека првата експлозија се случила кога полицијата запрела едно возило за проверка на документи, а втората бомба експлодирала 25 минути подоцна кога на местото на настанот пристигнале дополнителни полициски возила.
Властите на Дагестан за нападот ги обвинија исламските бунтовници кои сакаат да формираат исламска држава на Северен Кавказ.
XS
SM
MD
LG