Достапни линкови

Состојбата во ЕУ ја диктира и домашната економија


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го образложува ребалансот пред Собраниската комисија за финансирање и буџет.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески го образложува ребалансот пред Собраниската комисија за финансирање и буџет.

Судбината на ребалансираниот буџет за 2012 година најмногу ќе зависи од движењата во европската економија, која во најголем степен го диктира и темпото на работа на домашното стопанство, велат економистите.

Познавачите велат дека судбината на ребалансираниот буџет за 2012 година најмногу ќе зависи од движењата во европската економија, која во најголем степен го диктира и темпото на работа на домашното стопанство. Опозицијата изразува критики дека дека со новиот буџет владата најмалку крати од својата комоција и предупредува оти продолжувањето на ваквиот тренд, за кратко ќе наметне потреба да се направи нов ребаланс или ново задолжување.
Тоа значи дека не целото заостанување сега е скратено во буџетот. Тоа е едната работа, што значи дека владата се надева дека можеби во иднина нешто добро ќе се случи па ќе го компензира тоа што сега не го покрила, а втората работа е дека буџетот е сега повторно проектиран со стапка на инфлација од 2,8 отсто, што е повисока од стапката на инфлација од 2 проценти колку што е проекцијата на Народната банка. Тоа значи дека владата очекува повисоко ниво на цените и поради тоа очекува повисоки приходи.
Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски наведува два податока врз основа на кои анализира дали по последниот ребаланс може да има уште еден. Едниот е дека ребалансот се прави зашто приходите недостасуваат за она трошење што е планирано. Кај приходите потфрлањето е 9 проценти, а прилагодувањето со буџетот е 4,6 отсто, вели Јовановски.

„Тоа значи дека не целото заостанување сега е скратено во буџетот. Тоа е едната работа, што значи дека владата се надева дека можеби во иднина нешто добро ќе се случи па ќе го компензира тоа што сега не го покрила, а втората работа е дека буџетот е сега повторно проектиран со стапка на инфлација од 2,8 отсто, што е повисока од стапката на инфлација од 2 проценти колку што е проекцијата на Народната банка. Тоа значи дека владата очекува повисоко ниво на цените и поради тоа очекува повисоки приходи.“
Се намалуваат проекциите за растот на БДП за оваа година, но тоа е веќе вградено во претходниот ребаланс. Ако дојде до поизразени ризици да се реализираат, а ризици многу постојат пред се во Западна Европа, можно е полнењето на државната каса да не биде како што се планира, меѓутоа многу е рано уште сега да се прецизира такво нешто.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Поради овие две причини, Јовановски, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа, оценува дека не е исклучена можноста до крајот на годината да има уште еден ребаланс.

Меѓутоа, според мислењето на професор Сашо Арсов од Економскиот факултет, тешко е да се каже дали е реално да има уште еден ребаланс. Тоа многу ќе зависи како ќе се полни државната каса што, пак, од своја страна во голема мера зависи од движењата во стопанството и економијата, наведува Арсов.

„Се намалуваат проекциите за растот на БДП за оваа година, но тоа е веќе вградено во претходниот ребаланс. Ако дојде до поизразени ризици да се реализираат, а ризици многу постојат пред се во Западна Европа, можно е полнењето на државната каса да не биде како што се планира, меѓутоа многу е рано уште сега да се прецизира такво нешто“, вели Арсов.

Економистот Висар Адеми инсистира дека многу работи зависат и од тоа колку ќе биде дисциплинирана државата во собирањето на даноци. Тој исто така сака да го сврти вниманието и кон влошувањето на економската состојба во државите со кои имаме трговска размена.

„И најавуваат дека ќе има уште еден втор бран на криза, така што ќе купуваат помалку од нас. Во тој дел може да се случи дел од тие планирани средства да ги нема, може да се случи да ги нема тие пари.“

Министерот за финансии Зоран Стврески објасни дека државата реагира со ребаланс бидејќи европската криза доживеала кулминација, односно 4 држави се во рецесија, а голем број имаат негативни стапки на економски раст. Според него, со ребалансот ќе се подобри ликвидноста во домашната економија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG