Достапни линкови

Кина ќе инвестира 1,5 милијарди долари во Бугарија


Во следните неколку години кинески компании ќе инвестираат околу 1,5 милијарди долари во инфраструктурни, енергетски и земјоделски проекти во Бугарија.
Како што најави претседателот на Бугарско-кинеската трговско-индустриска комора, Виктор Азманов, реализацијата на овие проекти ќе се базира врз Меморандумот за економска соработка склучен меѓу владите на Бугарија и Кина.
Ова е втора најава за поголема кинеска инвестиција во регионот, откако претходно и Унгарија соопшти дека очекува реализација на седум проекти со партнери од Кина со вкупна вредност од околу една милијарда евра.
XS
SM
MD
LG