Достапни линкови

Две силни експлозии во Дагестан- 15 загинати


Најмалку 15 лица загинале а повеќе од 30 се ранети во двете силни експлозии во околината на Махачкала, главниот град на „немирната“ руска република Дагестан. Националниот антитерористички комитет соопшти дека првата експлозија се случила кога полицијата запрела едно возило за проверка на документи, а втората бомба експлодирала кога на местото на настанот пристигнале дополнителни полициски возила. Агенцијата РИА јави дека за време на нападот бил оштетен и блискиот гасовод.
Дагестан, каде што има чести престрелки и бомбашки напади, се наоѓа во Северен Кавказ во Русија, а тамошните исламски бунтовници сакаат да формираат исламска држава.
XS
SM
MD
LG