Достапни линкови

Путин понуди Тимошенко да се лекува во Русија


Од средбата Путин-Тимошенко во 2009 година

Од средбата Путин-Тимошенко во 2009 година

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин понуди поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, која се наоѓа во затвор, да дојде на лекување во Русија, доколку се согласни таа и властите во Киев.
Путин исто така предупреди да се избегне какво било поврзување на случајот Тимошенко со европското првенство во фудбал, што во идниот месец треба да се одржи во Украина и во Полска. Тој истакна дека под никакви околности спортот не треба да се меша со политиката.
XS
SM
MD
LG