Достапни линкови

Фејсбук на јавна понуда со досега најскапи акции


Компанијата Фејсбук соопшти дека почетната вредност на нејзините акции на јавната понуда ќе биде меѓу 28 и 35 долари, што е досега најголема почетна вредност за некоја интернет компанија. Во Фејсбук сакаат на јавната понуда да соберат околу 11 милијарди долари, што ќе ја постави вредноста на компанијата на 85 до 95 милијарди долари.
Во наредните неколку недели се очекува и официјалниот повик за јавна понуда на социјалната мрежа со повеќе од 900 милиони корисници во целиот свет.
XS
SM
MD
LG