Достапни линкови

Објавени документи од Осама Бин Ладен


Дел од документите пронајдени во скривницата на осама Бин Ладен во Пакистан денеска беа објавени на интернет. Во 17 доверливи документи основачот на терористичката Ал Каеда изразува загриженост за нефункционалноста на терористичката организација како и се` послабата подршка од лица со муслиманска вероисповед. Од документите се гледа дека Бин Ладен и понатаму бил посветен на извршувањее на напади врз Соединетите американски држави. Тој планирал да напише соопштение во кое ќе повуикувал на „почнување на нова фаза за корегирање на грешките“. Првиот човек на Ал Каеда, кој беше убиен на 2 мај минатата година планирал и напад на авионот на американскиот претседател Барак Обама.
XS
SM
MD
LG