Достапни линкови

Басеску: Молдавија да не биде тампон зона


Претседателот на Романија изјави дека соседна Молдавија не треба и понатаму да се смета за тампон зона меѓу НАТО и Русија. Трајан Басеску дополни дека Молдавија може да стане „гранична држава“ на Европската унија, каде членува Романија. Претседателот посочи дека дозволата за инсталација на елементи од антиракетниот штит на НАТО на романска територија не е потег против Русија.
XS
SM
MD
LG