Достапни линкови

Меѓународен притисок за иранската нуклеарна програма


Петте постојани членови на оветот за безбедност при Обединетите нации го зголемија притисокот врз Иран за ублажување на загриженоста за нуклеарната програма на официјален Техеран. Соединетите американски држави, Франција, Русија, Кина и Британија во заедничкото соопштение бараат Техеран да превземе конкретни чекори за постигнување на решение по пат на преговори. Петте членки дополнително бараат иранските власти да им обезбедат непопречен пристап до клучни локации на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија. Следната рунда преговори меѓу Иран и претставници на ОН е закажана на 23 мај во Багдад.
XS
SM
MD
LG