Достапни линкови

Пукна тиквата меѓу Владата и ЗНМ


Дијалог ЗНМ - Влада, декември 2011.
Дијалог ЗНМ - Влада, декември 2011.

Дијалогот за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија не функционира. Медиумските здруженија бараат резултати и објаснување зошто од владата ги игнорираат веќе 2 месеци.

Дијалогот меѓу владата и медиумските здруженија за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија не функционира. Од Здружението на новинари и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се жалат дека вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи во изминатите два месеца останала нема на нивните повици за закажување на средба со работната група.
За жал после 8 месеци ние треба да констатираме дека не само што немаме резултати од тој диајлог туку нема ни дијалог и да речеме дека овој обид, овој дијалог е неуспешен.
Насер Селмани, ЗНМ.

Тие велат дека преговорите со владата ќе бидат прекинати се додека не бидат поднесени некои конкретни предлози. Претседателот на здружението Насер Селмани вели дека најголемата одговорност за загрижувачката состојба со медиумите е кај владата, која не создала амбиент за работа.
Работен состанок на Владата и ЗНМ, февруари 2012.
Работен состанок на Владата и ЗНМ, февруари 2012.

„За жал после 8 месеци ние треба да констатираме дека не само што немаме резултати од тој диајлог туку нема ни дијалог и да речеме дека овој обид, овој дијалог е неуспешен. “
Во средината на април испративме порака дека ние веќе за средби и глумење дијалог немаме време, ниту желба. Ние бараме начин за решавање на проблемите, нема што да преговараме за почитување на законите. Од другата страна нема никаков одговор, врз основа на тоа ние констатираме дека социјален дијалог не постои.
Тамара Чаусдис, ССНМ.

Претседателката на синдикатот Тамара Чаусдис вели дека на средбите кои досега ги имале со владата се разговарало за проблемите во новинарството кои се сложиле дека треба да ги решат, но секој средба завршувала само со договор за одржување на нова.

„Во средината на април испративме порака дека ние веќе за средби и глумење дијалог немаме време, ниту желба. Ние бараме начин за решавање на проблемите, нема што да преговараме за почитување на законите. Од другата страна нема никаков одговор, врз основа на тоа ние констатираме дека социјален дијалог не постои.“

Неколку часа претходно Арифи го тврдеше спортивното, дека заедно со новинарите работи на подобрување на новинарството во земјава.

„Продолжување на дијалогот со претставниците на медиумите, исто така во рамките на патоказот, се и консулатциите со експерти и стручњаци од Советот на Европа што се однесува на измените и дополнувањето на законодвството што се во однос токму на прашањето за слободата на изразувањето.“

Селмани додава дека тие нема да прифатат средба без конкретен предлог од владата за кој би можеле да разговарат.

„Ние нема да прифатиме средби кои нема да испорачаат резултати. Бараме објаснување зошто два месеци не разговараме, немаше дијалог, која беше причината и да ни испорачаат конкретни резултати.“

ЗНМ и ССНМ велат дека работодавачите ја користат незинтересираноста на владата и ги кршат правата на медиумските работници на сите начини на кои што им е овозможено. Тоа според нив го покажуваат и последните извештаи на Фридом Хаус и Репортери без граници, каде слободата на медиумите во Македонија забележа пад од дваесетина места.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG