Достапни линкови

Десетмина ослободени од притвор во случајот „Монструм“


Десетмина приведени од случајот „Монструм“ се пуштени на слобода по 48 часовен притвор. Од основниот суд Скопје 1 информираат дека јавниот обвинител не поднел барање за спроведување истрага поради што судот нема никакви ингеренции да постапува понатаму. На шеесетгодишната жена од липковското село Отља, кај која полицијата пронајде поголемо количество оружје и муниција и биле одземени патните исправи. Интерпол ќе ги бара Алил Демири роден 1985 година и Африм Исмаиловиќ роден 1980 година, двајцата во Скопје, кои се осомничени како директни извршители на петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. Едномесечн притвор му е одреден и на Агим Исмаиловиќ, кој, исто така, е осомничени дека е директен извршител на убиството, како и на наводните соучесници Азири Фејзи и Сејди Рами. Сите се осомничени за тероризам. Притвор од 30 дена добија уште четири лица осомничени за неовластено производство, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
XS
SM
MD
LG