Достапни линкови

ОБСЕ ќе се повлече ако за српските избори се гласа на Косово


Шефот на ОБСЕ на Косово Вернер Алмхофер изјави дека мисијата ќе се повлече од посредничката улога доколку се инсистира на гласање во Косово за изборите во Србија. Алмхофер дополни дека мисијата на меѓународната организација ќе биде задолжена само за процесот на гласање, но не и за броење гласови. ОБСЕ во соопштение потврди дека околу 110.000 гласачи ќе имаат можност да гласаат на српските парламентарни и претседателски избори во недела.
XS
SM
MD
LG