Достапни линкови

Патоказот кон ЕУ пред пратениците


Седница на собраниската Комисија за европски прашања.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

На само неколку дена пред доаѓањетп на еврокомесарот Штефан Филе, пратениците го добија оперативниот патоказ што Владата ќе го презентира пред него. Опозицијата се пожали дека не била вклучена во дефинирањето на патоказот.

На само неколку дена пред еврокомесарот за проширување Штефан Филе да пристигне во Македонија, пратениците го добија оперативниот патоказ што Владата ќе го презентира пред него. Опозицијата се пожали дека не била вклучена во дефинирањето на патоказот. Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ изјави дека Владата требала порано да се координира со пратениците.
Тоа мораше да го направи владата пред да биде усвоен патоказот и пред да биде објавен во јавноста. Подобра слика за Македонија ќе пратиме ако пред или во рамки на високиот дијалог и Собранието е дел од тој дијалог, односно оперативниот патоказ ја добие потврдата.
Јани Макрадули, СДСМ.

„Тоа мораше да го направи владата пред да биде усвоен патоказот и пред да биде објавен во јавноста. Подобра слика за Македонија ќе пратиме ако пред или во рамки на високиот дијалог и Собранието е дел од тој дијалог, односно оперативниот патоказ ја добие потврдата.“
Седница на собраниската Комисија за европски прашања.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања.

Патоказот што го презентираше вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи пред пратениците опфаќа 140 задачи од 5-те клучни области од пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија. Таа изјави дека дијалогот е голема шанса што не смее да се пропуишти и добар поттик за реформите што треба да се спроведат.

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека дијалогот на високо ниво не е замена за преговорите за влез во Унијата, но е добра алтернатива затоа што Македонија е специфичен случај, како што вели, не по своја вина.
Од друга страна треба да бидеме свесни за реалноста околу нас, првата реалност се вика соседна Грција и мислам дека во контекст на евроинтеграциите треба со внимание да ги следиме настаните во Грција, особено изборите кои наближуваат и да видиме дали во соседна Грција ќе имаме политички сили кои ќе смогнат храброст да бидат попрагматични.
Антонио Милошоски, ВМРо - ДПМНЕ.

„Од друга страна треба да бидеме свесни за реалноста околу нас, првата реалност се вика соседна Грција и мислам дека во контекст на евроинтеграциите треба со внимание да ги следиме настаните во Грција, особено изборите кои наближуваат и да видиме дали во соседна Грција ќе имаме политички сили кои ќе смогнат храброст да бидат попрагматични.“

Тој додава дека треба да се има предвид и реалноста во Европската унија, затоа што процесот на проширувањето на унијата е забавен и надзорот е многу зголемен.

Пратеникот Зијадин Села од ДПА вели дека состаноците на националниот совет за евроинтерграции се непродуктивни затоа што главната реформа што треба да се направи е решавање на спорот за името, а дека вицепремиерката Арифи нема мандат за решавање на тоа и служи како декор.

„Со години слушаме дека проблемот со името треба да се реши но никако не се решава, слушаме може или не може да се смени ќе има или нема да има референдум, ова ми дава до знаење дека ова мнозинтво нема намера да ги направи тие промени, па нека спроведе референдум тогаш.“

Арифи вели дека познавајќи ги политичките пречки кои ги држат евроинтеграциите во заложништво, нејзиниот пристап е да се најде решение кое ќе отвори пат за забрзување на тие процеси.

„Сум потврдила и докажала не само дека имам мандат за наоѓање на решение за прашањата кои некогаш можат да бидат да бидат забавени или прекинати, меѓутоа сум докажала во овој случај дека имам и голема креативност да во исклучително тешки ситуации најдам решение кои би ги воделе евроинтеграциите напред.“

Дел од опозицијата на седницата на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања коментираше дека владата со ребалансот на буџетот, кратејќи по 30 проценти од клучните сектори за евроитеграциите покажува дека е незаинтересирана за реализирање на реформите во целост.

За Тито Петковски од НСДП дијалогот на високо ниво претставува дополнителна настава за слаб ученик.

Задачите кои се наведени во патоказот се однесуваат на областите владеење на правото, реформа на јавната администрација, слобода на медиумите, реформа на изборната легислатива и функционална пазарна економија. Дел од нив треба да бидат завршени до јуни, односно септември, а дел од задачите ќе треба да бидат реализирани до крајот на годината.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG