Достапни линкови

Распишана меѓународна потерница по двајцата осомничени од случајот „Монструм“


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Алил Демири роден 1985 год во Скопје и Африм Исмаиловиќ роден 1980 во Скопје се двете лица по кои Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, во случајот „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смиљковското езеро. На двајцата во отсуство им е изречена мерка притвот во времетраење од 30 дена. Претходно министерката Гордана Јанкулоска потврди дека Интерпол ќе се вклучи во потрагата.
XS
SM
MD
LG