Достапни линкови

Попоски: Грција ќе има полза од македонското членство во НАТО


Никола Попоски

Никола Попоски

Членството на Република Македонија во НАТО ќе им донесе позитивни ефекти како на Република Грција така и на државите од регионот, пишува македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во колумна објавена во весникот Хил, специјализирано политичко списание кое ги покрива активностите во американскиот Конгрес. „Грчкото противење на македонското членство во НАТО произлегува од митот дека независна Република Македонија ќе претставува закана за грчкиот територијален интегритет. Напротив, македонското членство во НАТО ќе ги поврзе Македонија и Грција во нескршлив безбедносен сојуз и на Грција ќе и пружи дополнителна сигурност со тоа што сите свои копнени граници ќе ги дели со држави - членки на НАТО“ пишува во колумната на министерот Попоски.
XS
SM
MD
LG