Достапни линкови

Дневен печат - Уапсени осомничени за убиството кај Смиљковци


Апсењето на 20-тина луѓе во врска со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро е главна тема во медиумите.

Беше 1 Мај, нашите работници и синдикати го прославија онака, по македонски - млако, со по два-тројца протестанти... Како што објави Дневник: „Синдикалците фатија сенка за 1 Мај“, а Утрински информира дека синдикалците дале неколку изјави од под сенка...
Зошто спласна еуфоријата по апсењето на исламските радикали во Скопје - тројца убијци, фатен само еден.
Фокус.

И, одеднаш, потоа, во сите медиуми, вестите за полициската рација и апсењето на 20-мина, меѓу кои, според министерката Јанкулоска, се и убијците на петтемина скопјани кај Смилковци и плус, припадници на радикална исламистичка група чии членови се бореле на страната на Талибанците во Авганистан. Вечер со црвени крупни букви на насловната објави дека: „МВР ги откри сторителите на масакрот“.
Не-нор-мал-но! 700 милиони евра долг за една година, за економски раст од само 3 отсто.
Капитал.

Но дневниот Фокус праша: „Зошто спласна еуфоријата по апсењето на исламските радикали во Скопје - тројца убијци, фатен само еден“.

Разбирливо, сите медиуми педантно ги одбележаа изјавите на албанските партии, меѓу кои и онаа на ДУИ дека „Нема колективна одговорност, убијците имаат име и презиме“ - како што наслови Нова Македонија, и „Сите мијат раце од терористите“ - како што објави Дневник.
Храната поевтина од Софија и Белград, струјата поскапа од Њујорк и Париз.
Нова Македонија.

Речиси сите весници на албански јазик, според пренесеното во оние на македонски јазик, изразиле сомневање во тоа дали уапсените се токму и извршителите на убиството. И речиси сите медиуми анализираат дали МВР и нејзините безбедносни служби знаеле за постоењето на радикални групи токму во главниот град.

Скопската телевизија 24 Вести оди понатаму: ги објави изјавите на Јанкулоска од септември лани, кога Исламската верска заедница се пожали дека радикалните вахабисти презеле четири од скопските џамии, дека немало опасност од такви групи и дека граѓаните можат мирно да спијат.

И, се разбира, во сенка на големата полициска акција, поминаа вестите дека СДСМ бара одговорност и дека во Собранието покренал интерпелација за министерот Ставрески поради преголемото задолжување на земјава со кредити.

Како шлаг на горчливата економска торта, дневниот Капитал во наслов објавува: „Не-нор-мал-но! 700 милиони евра долг за една година, за економски раст од само 3 отсто“ и дека тие пари Владата ги потрошила за плати, пензии и за субвенции.

На внатрешните страници поминаа и информациите што ги објавија Утрински и дневниот Капитал, дека индустриското производство во март потонало за нови 8 и пол проценти во споредба со лани и дека веќе седми месец индустријата бележи пад и дека негативниот тренд нема да запре.

Нова Македонија во обид да утеши по податоците на Статистика дека инфлацијата во март била поголема и изнесувала 3 отстп: „Храната поевтина од Софија и Белград, струјата поскапа од Њујорк и Париз“.

Дневниот весник Ден паралелно објавува дека локалните бизнисмени си ги купиле парцелите во индустриската зона кај Прилеп, но дека отворањето на фабриките ќе почека подобри времиња, а дека индустријата паѓа и понатаму.

„Се лизга слободата на печатот во Македонија“ - објавија Утрински и Нова Македонија повикувајќи се на најновиот извештај на Фридом хаус според кој од 96-то, лани, Македонија паднала на 115-то место.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG