Достапни линкови

САД ќе го следат судскиот процес за убиствата кај Смиљковци


Амбасадорот на Соединетите Американски Држави Пол Волерс изјави дека од амбасадата се уште не се запознати со доказите за обвинетите лица во случајот со петкраткото убиство кај Смиљковско Езеро. „Низ светот има терористички настани, и ние самите бевме жртви на тероризам, и знам дека ова прашање тука се сфаќа сериозно. Ќе мораме да почекаме, да го видиме судењето и доказите“ рече Волерс. Амбасадорот изрази надеж дека правосудниот систем ќе функционира според законите, за граѓаните да можат да имаат сигурност дека вистинските лица биле осудени. „Важно е да се почитуваат правилните процедури за тие што го извршиле ова ужасно дело да бидат изведени пред правдата. Правниот систем треба да постапува според правилата и законите, за граѓаните да имаат доверба дека се осудени вистинските лица. Министерот Јанкулоска и самата кажа дека ќе се следи процедурата и треба да дозволиме тоа да се случи“ изјави амбасадорот Волерс.
XS
SM
MD
LG