Достапни линкови

logo-print

Интерпол ќе трага по осомничените во бегство во случајот „Монструм“


Кривичната пријава за тероризам што ја поднесе МВР за петкратното убиство кај Смиљковци е прифатена. Тоа, како што информира денеска министерката Гордана Јанкулоска, практично значи дека сите материјални докази кои МВР ги приложи до судот биле доволно убедливи за да се утврди првичната мерка притвор и понатаму да се продолжи истрагата. МВР продолжува со дел од вештачењата кои се уште не се завршени бидејќи се работи за голем материјал за кој е потребно дополнително време и истрагата во таа насока продолжува и понатаму. Јанкулоска истакна дека најважно во овој момент е да се направат сите потребни дополнителни напори за да се најдат преостанатите две лица за кои во текот на денешниот ден ќе биде распишана меѓународна потерница. „Тоа значи дека веќе од денеска по нив ќе трага и Интерпол и практично целосно да се заокружи овој случај, а понатаму да му оставиме на судот да ја донесе финалната одлука“ рече Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG