Достапни линкови

logo-print

Турција не ја признава „Стандард енд Пурс“


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер ја обвини рејтинг агенцијата „Стандард енд Пурс“ за пристрастност, откако организацијата го промени долгорочниот рејтинг на земјата од „позитивен“ на „стабилен“. Премиерот Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција ќе возврати со тоа што од денеска па натаму нема да ја признава агенцијата. „Од сега натаму веќе не ве сметаме за рејтинг агенција“ рече Ердоган. „Стандард енд Пурс“ претходно изрази загриженост за високиот долг на турската влада.
XS
SM
MD
LG