Достапни линкови

Оксфам: ембаргото не ја спречува трговијата со оружје


Интернационалната агенција за помош Оксфам вели дека режимите за ембарго не успеваат да ја спречат трговијата со оружје во земји каде тоа се забранува. Земјите за кои има ембарго сепак успеале да увезат оружје во вредност од 2 милијарди американски долари, се наведува во најновиот извештај на организацијата. Некои земји успеваат на големо да тргуваат со оружје и покрај 26 одлуки за ембарго на Обединетите нации, се наведува во документот. Според податоците на организацијата во Мјанмар било внесено оружје вредно 600 милиони американски долари од 2000 до 2010 година, Иран потрошил 570 милиони а Мјанмар 600 милиони долари за оружје.
XS
SM
MD
LG